Unlisted
This wiki will not appear in search results, but can still be viewed by anyone!
Macedonian translations
Манифест поправи сам
Ги сметаме овие вистини како очигледни:
Поправката е подобра од рециклирање.
Да направиме нашите работи да траат подолго е и поефикасно и поефтино отколку да ископаме суровини и да направиме нови.
Поправката ја спасува планетата.
Земјата има ограничени ресурси и не можеме да водиме линеарен процес на производство до недоглед. Најдобриот начин да се биде ефикасен е да се реупотреби тоа што веќе го имаме!
Поправката ти штеди пари
Поправката на нештата често е бесплатна, и вообичаено е поефтина отколку да се заменат. Поправајќи ги нештата сам(а) заштедуваш бааги пари.
Поправката те учи инженерски вештини.
Најдобар начин да научиш како нештото функционира е да го расклопиш!
Ако не знаеш да го поправиш, не го ни поседуваш.
Поправката ги поврзува луѓето и уредите создавајќи врски кои го надминуваат потрошувачкото општество. Самостојната поправка е одржлива.
Поправката те поврзува со твоите предмети
Поправката ги омоќува и охрабрува луѓето
Поправката ги претвора потрошувачите во соработници
Поправката инспирира гордост во поседувањето на поправеното
Поправката дава душа и ги прави нештата уникатни
Поправката е независност
Поправката бара креативност
Поправката е зелена
Поправката е забавна
Поправката е неопходна за разбирање на предметите
Поправката штеди пари и ресурси
Имаме право:
Да ги отвориме и поправиме нашите нешта - без да ја изгубиме гаранцијата
На уреди што може да бидат отворени
На кодовите со грешки и електричните шеми
На упатствата за решавање проблеми и дијаграмите
На документација за поправка за се
Да го одбераме сами нашиот техничар за поправка
Да ги тргнеме „не тргај“ налепниците
Да ги поправаме нештата дома сами
Да замениме било кои потрошни материјали самите
На уреди за кои не се потребни специјални алати за поправка
На достапни и резервни делови со разумна цена
Придружи се на поправачката револуција на iFixit.com
0 Comments